свет, Коронавирус

Јапонија ќе забрани влез на патници од 18 европски земји и од Иран

Странските патници кои биле во некоја од 19-те земји две недели пред да пристигнат во Јапонија, нема да се пуштат да влезат во земјата

Sorvar Alam  | 24.03.2020 - Обновена : 24.03.2020
Јапонија ќе забрани влез на патници од 18 европски земји и од Иран

АНКАРА (АА) - Јапонија ќе го забрани влезот на странски државјани кои доаѓаат од 18 европски земји и од Иран со цел да го спречи ширењето на коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Новинската агенција „Кјодо“ соопшти дека странските патници кои биле во некоја од 19-те земји две недели пред да пристигнат во Јапонија, нема да се пуштат да влезат во земјата.

Европските земји се Андора, Австрија, Белгија, Данска, Естонија, Франција, Германија, Италија, Лихтенштајн, Луксембург, Малта, Монако, Холандија, Норвешка, Словенија, Шпанија, Швајцарија и Ватикан.

„Со оглед на околностите, нема да има никакви исклучоци“, истакна јапонскиот министер за надворешни работи, Тошимицу Мотеги, на денешната прес-конференција.

Во вестите се цитираат владини извори кои велат дека работна група со која претседава премиерот Шинзо Абе наскоро ќе донесе одлука за точниот датум на стапување во сила на мерката за забрана.

Овој потег на јапонските власти, што претставува најопсежен сет мерки за гранична контрола наметнати од Јапонија, доаѓа откако бројот на случаи на Ковид-19 во земјата се зголеми на над 1.120, а смртните случаи, на 42.

Јапонија веќе ги затвори границите за лицата кои доаѓаат од некои региони на Италија, Шпанија, Швајцарија и Иран, како и од Исланд и Сан Марино, делови од Кина и Јужна Кореја.

Вирусот за првпат се појави во Вухан, Кина, минатиот декември, и се прошири во најмалку 168 земји и територии, поради што Светската здравствена организација (СЗО) прогласи пандемија.

Според податоците од американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“, во светот има над 381.600 потврдени случаи на Ковид-19, а бројот на починати надмина 16.500. Излекувани се над 101.800 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.