Gözde Bayar
07 Април 2020•Ажурирај: 08 Април 2020
АНКАРА
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу разговараше со 11 свои колеги за борбата против пандемијата на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу на социјалната мрежа Твитер напиша дека ја одржал четвртата телеконференциска средба со неговите колеги од Канада, Австралија, Бразил, Франција, Германија, Индонезија, Мароко, Перу, Сингапур, Јужнаaфриканска Република и Велика Британија.
Тој додаде дека тие зборувале за набавката и доставата на медицинска опрема за поефективна борба против Ковид-19.
Од дипломатски извори е потврдено дека Чавушоглу разговарал и со комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Оливер Вархели.
Вирусот Ковид-19 најпрвин се појави во Вухан, Кина во декември 2019 година и досега се рашири во 200 земји низ светот.
Во светот се регистрирани над 1,36 милион потврдени случаи на вирусот, а бројот на смртни случаи во светот е близу 76.000.