Esin Işık
28 Јуни 2020•Ажурирај: 29 Јуни 2020
АНКАРА
Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 170.595, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 48.309 тестирања за Ковид-19, од кои 1.356 лица се позитивни на овој вирус.
Во последните 24 часа починаа уште 15 лица како последица на оваа пандемија, а излекувани се уште 1.413 пациенти.
Во Турција се извршени вкупно 3.280.144 тестирања на Ковид-19, откриени се вкупно 197.239 случаи на лица заразени со Ковид-19, а починаа вкупно 5.097 лица.
На интензивна нега се наоѓаат 996 лица, 381 лице е на кислородна поддршка, додека вкупно се излекувани 170.595 лицa.