Ahmet Sertan Usul
14 Јуни 2020•Ажурирај: 15 Јуни 2020
АНКАРА
Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 151.417, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 45.176 тестирања за Ковид-19, од кои 1.562 лица се позитивни на овој вирус.
Во последните 24 часа починаа уште 15 лица како последица на оваа пандемија, а излекувани се уште 1.330 пациенти.
Во Турција се извршени вкупно 2.632.171 тестирање на Ковид-19, откриени се вкупно 178.239 случаи на лица заразени со Ковид-19, а починаа вкупно 4.807 лица.
На интензивна нега се наоѓаат 717 лица, 290 лица се на кислородна поддршка, додека вкупно се излекувани 151.417 лицa.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот профил на социјалната мрежа Твитер ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција
„Бројот на излекувани лица падна под бројот на новооткриени случаи. Се зголемува потребата за интензивна нега и кислородна поддршка. Се оддалечуваме од целта. Нашата најслаба точка е оптимизам без мерки. Да бидеме оптимисти со мерки. Утре целосно да преминеме во контролиран социјален живот“, напиша Коџа.