Mehmet Tosun
19 Јули 2020•Ажурирај: 20 Јули 2020
АНКАРА
Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 202.010, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 41.310 тестирања за Ковид-19, од кои 924 лица се позитивни на овој вирус.
Во последните 24 часа починаа уште 16 лица како последица на Ковид-19, а излекувани се уште 997 пациенти.
Во Турција се извршени вкупно 4.273.377 тестирања на Ковид-19, откриени се вкупно 219.641 случаи на лица заразени со Ковид-19, а починаа вкупно 5.491 лице.
На интензивна нега се наоѓа 1.246 лицa, 398 лица се на кислородна поддршка, додека вкупно се излекувани 202.010 лицa.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот профил на социјалната мрежа Твитер ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција
„Секој ден се излакуваат околу 1.000 лица, и се откриваат околу 1.000 случаи. Ако можеме да ги запреме новите случаи, бројот на активни случаи брзо ќе се намали. Нашата цел е да имаме раст во бројот на излекувани лица и пад во бројот на нови случаи. Новите вести зависат од мерките кои ќе ги преземеме“, напиша Коџа.