Ferdi Türkten
03 Јуни 2020•Ажурирај: 04 Јуни 2020
АНКАРА – Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, соопшти дека во изминатите 24 часа во Турција од новиот тип коронавирус, Ковид19, починале 24 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи се зголеми на 4.609, јавува Агенција Анадолија (АА)
Министерот Коџа, по состанокот на научниот комитет одржа прес-конференција на која ги соопшти последната состојба со вирусот Ковид-19 во земјата.
Според Коџа, во последните 24 часа во Турција направени се 52.305 тестирања за Ковид-19, при што евидентирани се 867 нови случаи на вирусот.
Истакнувајќи дека во последните 24 часа од коронавирусот починале 24 лица, Коџа рече дека во последното деноноќие излекувани се 931 лице.
Коџа, наведувајќи дека низ целата земја направени се вкупно 2.155.349 тестирања за Ковид-19, рече дека бројот на случаи со вирусот во земјата е зголемен на 166.422.
Тој исто така истакна дека на одделите за интензивна нега има 612 пациенти, од кои 261 се поврзани за респиратор.
„Пред еден месец на овој датум на интензивна нега имавме 1.424 пациенти. Денес е намален за 57 отсто. Бројот на пациенти поврзани на респиратор е намален за 66 отсто, додека дневниот број на новозаразени во споредба со овој датум од минатиот месец е намален за 48 отсто. И покрај тоа што денес имавме повеќе од 52.000 тестирања за Ковид-19, бројката на новозаразени е 867“, напиша Фахретин Коџа на Твитер.