Yasemin Kalyoncuoğlu
10 Јуни 2020•Ажурирај: 11 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Во последните 24 часа во Турција од Ковид-19 се регистрирани 2.241 оздравени лица, со што вкупниот број на излекувани пациенти се зголеми на 146.839, објави денес турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Коџа, по состанокот со Научниот комитет за коронавирусот, на прес-конференцијата одржана преку видеоконференциска врска ги сподели најновите информации за состојбата со вирусот Ковид-19 во земјата.
Во Турција, во последните 24 часа Ковид-19 е потврден кај 922 лица, со што вкупниот број на случаи на вирусот изнесува 173.036. Во изминатото деноноќие како последица на коронавирусот починаа 17 лица, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата достигна 4.746.
Вкупно досега во Турција направени се 2.451.700 тестирања за Ковид-19. На одделите за интензивна нега во моментот се лекуваат 631 пациент, а 280 пациенти се поврзани за респиратор.
Министерот Коџа преку објава на Твитер соопшти дека бројот на новодијагностицирани пациенти е околу 40 отсто помал од бројот оздравени пациенти.
„Просечната возраст кај новите случаи е 36 години, додека просечната возраст кај смртните случаи е 71 година. Бројот на пациенти на интензивна нега е близу до вчерашниот број. Идејата дека ефектот на вирусот е намален е ризична“, истакна турскиот министер за здравство.