Yusuf Özcan
10 Јуни 2020•Ажурирај: 11 Јуни 2020
ПАРИЗ (АА) - Бројот на починати лица од новиот вид коронавирус, Ковид-19, во Франција се искачи на 29.319, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Овие најнови информации преку соопштение ги објави Институтот за јавно здравје на Франција.
Во последните 24 часа во земјата потврдени се уште 545 нови случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи во земјата се искачи на 192.541.
Во болниците, од Ковид-19 се лекуваат 11.678 лица, од кои 993 се наоѓаат на одделите за интензивна нега. Бројот на пациентите кои се наоѓаат на интензивна нега веќе 63 дена последователно се намалува.
Од Ковид-19 се излекувани уште 337 лица, а досегашниот биланс на излекувани лица од овој вирус во Франција се искачи на 71.832.
Во последните 24 часа како последица на вирусот починаа 23 лица, со што вкупниот број на починати во земјата достигна 29.319.