Burak Bir
17 Март 2020•Ажурирај: 18 Март 2020
АНКАРА (АА) - Американскиот актер Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон вчера беа пуштени од болница во Австралија, откако примија терапија за коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон минатата недела во средата објавија дека се позитивни на новиот тип коронавирус.
„Брачниот пар, кој сега се наоѓа во домашен карантин, беше во Австралија, на снимање на биографскиот филм за Елвис Присли“, објави „Би-би-си“.
„Се чувствуваме малку уморни, имавме настинка и некои болки по телото. Рита имаше некоја треска која се појавуваше и исчезнуваше“, напиша оскаровецот претходно на Инстаграм.
Тој подоцна во уште една објава им се заблагодари на сите во Даун Ундер што се грижеле многу добро за нив.
Коронавирусот првпат се појави во градот Вухан, Кина, но потоа се прошири во над 150 земји и територии.
Според Светската здравствена организација (СЗО), бројот на смртни случаи во светски рамки е речиси 7.000, а има над 182.000 потврдени случаи.