Kasım İleri
15 Март 2020•Ажурирај: 15 Март 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Тестот за новиот вид коронавирус (Ковид-19) на американскиот претседател Доналд Трамп е негативен, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Шон П. Конли, главен лекар во Белата куќа, преку писмено соопштение истакна дека Трамп одлучил да изврши тест за коронавирус.
„Добив потврда дека тестот е негативен“, рече Конли, информирајќи дека работат заедно со Центарот за контролирање и спречување на болести (CDC), како и со Тимот за борба против коронавирусот при Белата куќа.