Muhammed Nuri Erdoğan
15 Март 2020•Ажурирај: 15 Март 2020
АНКАРА (АА) - Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, соопшти дека кај уште едно лице е откриен новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што бројот на лицата кај кои е потврден коронавирусот во оваа земја се искачи на шест, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Коџа го потврди ова преку соопштение на својот твитер-профил.
Тој информира дека вирусот е откриен кај еден турски државјанин кој изминатата недела се вратил од умре, односно од посетата на светите места во Саудиска Арабија.
Турскиот министер рече дека граѓаните кои се враќаат од посетата на светите места треба да ги почитуваат правилата за 14 дена.
„За жал, тестот на еден наш граѓанин кој се вратил изминатата недела, резултираше позитивно. Загрижени сме поради новите случаи. Ве молам, не примајте посетители“, додаде Коџа.