Elena Teslova
23 Јуни 2021•Ажурирај: 24 Јуни 2021
МОСКВА (АА) - Со уште 17.594 нови случаи на коронавирусот регистрирани денес, вкупниот број на случаи во Русија се искачи на 5,36 милиони, а активните случаи на 335.508, соопштија властите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бројот на смртни случаи достигна 130.895 откако вирусот однесе уште 548 животи во текот на последните 24 часа.
Во истиот период, бројот на оздравени пациенти се зголемил за 12.660, со што вкупниот биланс на излекувани достигна 4,9 милиони.
Москва останува најтешко погодениот регион, а градоначалникот Сергеј Собјанин предупреди дека стапката на инциденца достигнала рекордни нивоа.
Собјанин истакна дека очекува ситуацијата да се подобри со интензивирање на вакцинацијата во главниот град, а во текот на изминатиот ден за вакцинација се регистрирани 60.000 лица.
Тој ја отфрли можноста за укинување на рестриктивните мерки пред да се вакцинира 60 отсто од населението.
Минатата недела, властите во неколку руски региони, вклучувајќи ја и Москва и Московската Област наредија задолжително вакцинирање на вработените во услужниот сектор, воведувајќи казни за непочитување на вакцинацијата.
Од јуни, во кафулињата, рестораните и сличните објекти во Москва имаат пристап само оние што се вакцинирани, што се негативни на коронавирусот или го прележале вирусот во изминатите шест месеци.
Вчера е воведена привремена забрана за одржување концерти или забавни и спортски настани со повеќе од 500 луѓе.
Објектите со „ковид-фри“ зони се изземени од ограничувањата.