свет, Коронавирус

Состојбата со Ковид-19 во Индија и Кина

Во Индија во последното деноноќие од последиците предизвикани од Ковид-19 починаа 490 лица

Emel Gözellik  | 09.11.2020 - Обновена : 10.11.2020
Состојбата со Ковид-19 во Индија и Кина

АНКАРА (АА) - Пандемијата на новиот тип коронавирус продолжува да биде причина за голема смртност во Индија, додека во Кина таа е под контрола, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство на Индија објави дека во последните 24 часа од последиците на коронавирусот починале 490 лица, зголемувајќи го вкупниот број на починати на 126.611.

Во Индија со население од 1,3 милијарди, во последните 24 часа детектирани се 46.110 новозаразени со Ковид-19, вкупно 8.553.864 од почетокот на пандемијата, додека оздравеа 7.917.373 пациенти позитивни на коронавирусот.

Според интернет-страницата „Worldometer“, Индија е втора земја во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19, додека според бројот на смртни случаи предизвикани од коронавирусот се наоѓа на трето место.

- Кина -

Комисијата за национално здравје на Кина соопшти дека во последните 24 часа детектирани се 33 нови случаи на коронавирусот Ковид-19, од кои 32 потекнуваат од странство.

Од случаите, 13 се во градот Шангај, 6 во покраината Шанси, 4 во Гуангдунг, 4 во Сечуан и 2 случаи на Ковид-19 во Внатрешната Автономна Област Монголија.

Кина, која има популација од 1,4 милијарди жители, не даде информации за смртни случаи поврзани со коронавирусот, а вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 86.245.

Досега во Кина од последиците на заразеност со коронавирусот починаа 4.634 лица, а оздравеа 81.187 пациенти, претходно позитивни на вирусот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.