Aşkın Kıyağan
09 Ноември 2020•Ажурирај: 10 Ноември 2020
ВИЕНА (АА) - Во рамките на борбата против тероризмот во Австрија приведени се 30 лица во операција спроведена на 60 адреси во четири региони, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Во рамки на акцијата спроведена од Обвинителството во Грац, извршени се претреси во станови, куќи, работни места и здруженија во Штаерска, Корушка, Долна Австрија и Виена поради сомнение за поврзаност со создавање и поддршка на тероризмот.
Од Обвинителството е потврдено дека акцијата не е поврзана со терористичкиот напад што се случи на 2 ноември во Виена, во кој беа убиени четири лица. Истрагата за денешната акција започнала пред една година.
Наведено е дека се извршени претреси во 60 објекти и приведени се 30 лица во истрагата што е водена против 70 лица под различни обвиненија, како формирање терористичка организација во земјата, пружање финансиска поддршка на тероризмот и перење пари.
Министерот за внатрешни работи, Карл Нехамер, рече дека во согласност со можностите за владеење на законот, тие одат со сите сили против екстремистичките и криминалните формации.
Нехамер напомена дека операцијата е насочена против лицата кои, наводно, обезбедувале финансиска поддршка на тероризмот, како и против перењето пари.