Sümeyye Dilara Çelik,Nazlı Yüzbaşıoğlu
23 Август 2020•Ажурирај: 24 Август 2020
АНКАРА (АА) - Од почетокот на пандемијата на Ковид-19 вирусот досега е потврден кај 23.395.542 лица, а излекувани се 15.916.050 лица, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март годинава прогласи глобална пандемија на Ковид-19.
Порталот „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според последните податоци, во светот како последица на вирусот досега починаа 808.856 лица.
Во светот моментално има 6.670.636 активни случаи, од кои 61.674 се тешко болни.
Пандемијата на Ковид-19 најтешко ги погоди Соединетите Американски Држави (САД), со 5.841.428 заразени лица и 180.174 починати.
По САД следи Бразил со 3.582.698 заразени и 114.227 починати. Во Индија има 3.049.855 заразени, а досега починале 56.875 лица.