свет, Коронавирус

Со Ковид-19 во светот заразени повеќе од 34,16 милиони луѓе

Бројот на заразени е зголемен на 34.166.631, додека од вирусот оздравеа 25.437.012 лица. Активни се 7.710.972 случаи

Emre Aytekin, Muhammet Tarhan  | 01.10.2020 - Обновена : 02.10.2020
Со Ковид-19 во светот заразени повеќе од 34,16 милиони луѓе

АНКАРА

Со новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот се заразени повеќе од 34,16 милиони луѓе, јавува Агенција Анадолија (АА).

Податоците достапни на „Worldometer“ покажуваат дека во светот од последиците на Ковид-19 починале 1.018.166 лица.

Бројот на заразени е зголемен на 34.166.631, додека од вирусот оздравеа 25.437.012 лица. Активни се 7.710.972 случаи.

Во САД, кој и понатаму е епицентар на заразувањето во светот, потврдени се 7.447.643 случаи на заразување, а од последиците на Ковид-19 починаа 211.752 лица.

Други земји со над 300.000 заразени се: Индија (6.312.584), Бразил (4.813.586), Русија (1.176.286), Колумбија (829.679), Перу (814.829), Шпанија (769.188), Аргентина (751.001), Мексико (743.216), Јужноафриканска Република (674.339), Франција (563.535), Чиле (462.991), Иран (457.219), Велика Британија (453-264), Бангладеш (363.479), Ирак (362.981), Саудиска Арабија (334.605), Турција (318.663), Италија (314.861), Пакистан (312.806) и Филипини (311.694).

Земјите кои покрај САД имаат повеќе од 10.000 починати се: Бразил (143.962), Индија (98.708), Мексико (77.646), Велика Британија (42.413), Италија (35.894), Перу (32.463), Франција (31.956), Шпанија (31.791), Иран (26.169), Колумбија (25.998), Русија (20.722), Јужноафриканска Република (16.937), Аргентина (16.734), Чиле (12.741), Еквадор (11.355), Индонезија (10.740) и Белгија (10.016).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın