Aykut Karadağ
01 Април 2020•Ажурирај: 01 Април 2020
АНКАРА
Од аеродромот во Анкара полета воен карго авион со медицинска опрема која Турција ја испраќа како помош за Шпанија и Италија, земји кои се најмногу погодени ид пандемијата на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турција во знак на помош во борбата против Ковид-19 им подаде рака на Шпанија и Италија, кои во моментов се земји што се најмногу погодени од пандемијата на новиот тип коронавирус и во исто време се епицентар на оваа пандемија во Европа.

Министерството за одбрана на Турција во воениот карго авион на воениот аеродром „Етимесгут“ во Анкара натовари илјадници парчиња медицинска опрема, како што се заштитни маски и облека, антибактериски гелови и течности произведени во воените фабрики, работилници за шиење и во институциите за машинска и хемиска индустрија на Турција.
На испратените пакети на шпански и италијански испишани се зборовите на поетот, правник и теолог Мевљана „По безнадежноста има многу надежи. По темнината има многу сонца“ и „На шпанскиот народ со љубов од Турција“, „На италијанскиот народ со љубов од Турција“.
Авионот со помошта од Турција прво ќе слета во Шпанија, а потоа ќе се упати кон Италија.