Betül Yürük
27 Август 2020•Ажурирај: 28 Август 2020
ЊУЈОРК
Американска компанија која произведува медицински уреди, доби одобрение за производство на брз антиген тест, кој во рок од 15 минути би требало да дава резултати за новиот тип на коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од компанијата е наведено дека американската Управа за храна и лекови (ФДА) го одобрила производството на брзиот тест антиген Ковид-19.
Се наведува дека нема да биде потребна додатна опрема за тестот со големина на кредитна картичка, кој ќе ги дава резултатите за 15 минути, а тестниот комплет ќе се продава за 5 долари.
Наведено е дека компанијата од октомври ќе започне со производство на речиси 50 милиони тестни сетови.
Како што се соопштува, компанијата развила и апликација која може да се инсталира на телефоните и на тој начин секој своите резултати ќе може да ги покаже при влез во училиште или на работните места.
Компанијата досега добила одобрение за производство на пет видови тестови, вклучувајќи и за „ID Now“, тест кој се користи во Белата куќа и дава резултати во рок од 5 минути.