БОГОТА (АА) - Епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 1.682 лица во Бразил, 216 во Мексико, 553 во Аргентина, 545 во Колумбија, 242 во Перу, 213 во Чиле, 25 во Еквадор, 100 во Боливија, 102 во Парагвај, 66 во Уругвај и 26 во Костарика.
Министерството за здравство на Бразил објави дека во последното деноноќие во оваа земја починале 1.682 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 469.388.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 83.391, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 16.803.472.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 15.228.983 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико -
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 216 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 2.894 новозаразени.
Мексиканските власти информираа дека досега во земјата се регистрирани 228.362 смртни случаи, а вкупната бројка на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 2.426.822. Досега во оваа земја оздравеа 1.934.541 лице позитивни на Ковид-19.
Мексико е четврта земја во светот, по САД, Бразил и Индија, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
Во исто време, Мексико со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 15. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина -
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 553 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 79.873. Во истиот период детектирани се 32.291 новозаразен, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 3.884.447.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 3.438.437 лица заразени со коронавирусот.
Аргентина според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 9. место во светот.
- Колумбија -
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 545 лица, со што вкупниот број смртни случаи достигна 90.353.
Во последното деноноќие детектирани се 28.624 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 3.488.046. Во оваа земја досега оздравеа 3.242.060 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 12. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу -
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 242 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 1.362 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.968.693, од кои починаа 185.380 лица, а оздравеа над 1.923.309 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Чиле -
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 213 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, така што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја достигна 29.598.
Во истиот период регистрирани се нови 8.150 случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.403.101, а оздравеа вкупно 1.327.643 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Еквадор -
Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 25 смртни случаи, вкупно 20.706 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 952 новозаразени, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 429.817.
Досега во Еквадор оздравеа 375.151 лице што биле позитивни на коронавирусот.
- Боливија -
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последното деноноќие се детектирани 100 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 2.429.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 380.457, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 14.832. Досега оздравеа 301.160 лица позитивни на коронавирусот.
- Парагвај -
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 102 смртни случаи како последица на заразувањето со Ковид-19, а детектирани се 3.262 лица позитивни на коронавирусот.
Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 364.702, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 9.498.
Досега оздравеа 299.594 лица позитивни на коронавирусот.
- Уругвај -
Уругвајските медиуми објавија дека во последното деноноќие во оваа земја починале 66 лица од последиците на заразувањето со коронавирусот, така што вкупната бројка на смртни случаи достигна 4.460.
Во истиот период детектирани се 2.887 лица позитивни на Ковид-19, вкупно 304.411 од почетокот на пандемијата.
Во Уругвај досега оздравеа 263.733 лица заразени со Ковид-19.
- Костарика -
Според вестите објавени во националните медиуми на Костарика, во последните 24 часа во оваа земја од последици на Ковид-19 животот го загубија 26 лица, со што вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата се искачи на 4.124.
Во истиот период детектирани се 2.181 лице позитивни на коронавирусот, вкупно 325.779, додека бројот на лица што го прележале Ковид-19 се искачи на 246.686.