свет, Коронавирус

Русија ја регистрираше првата вакцина против Ковид-19 во светот

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека во Русија е регистрирана првата вакцина против Ковид-19 во светот,

Elena Teslova  | 11.08.2020 - Обновена : 12.08.2020
Русија ја регистрираше првата вакцина против Ковид-19 во светот

АНКАРА

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека во Русија е регистрирана првата вакцина против Ковид-19 во светот, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Вакцината, изработена од Националниот центар за истражување Гамалеја, има официјална регистрација во руското Министерство за здравство“, рече Путин на состанокот со членовите на владата во Москва.

Путин додаде дека испитувањата за вакцините дале позитивни резултати, при што сите волонтери изградиле имунитет на коронавирусот.

„Вакцината се заснова на аденовирус и содржи мртви честички на Ковид-19 кои не можат да се размножуваат и затоа се безбедни“, рече Александар Гинцбург, шефот на центарот.

„Сепак, може да предизвика имунолошки одговор како што е висока температура при внес на страни супстанции“, додаде тој.

Пандемијата на коронавирус, откако за прв пат се појави во Кина во декември минатата година, однесе повеќе од 736.200 животи во 188 земји. САД, Бразил, Индија и Русија се земји најпогодени од коронавирусот. 

Потврдени се повеќе од 20 милиони случаи на заразување со Ковид-19 ширум светот, а бројот на оздравени надмина 12,28 милиони, според податоците собрани од американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“. 

Во Русија до сега се потврдени околу 891.000 случаи на заразување.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.