Dmitri Chirciu
18 Јуни 2020•Ажурирај: 19 Јуни 2020
МОСКВА
Претседателката на Федералната служба за здравствен надзор на Русија (Roszdravnadzor), Ала Самојлова, истакна дека деоса во земјата починаа околу 500 здравствени работници како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Самојлова учествуваше на конференцијата насловена „Безбедноста на здравствените работници: проблеми, анализи и решенија“ одржана преку видео-конференција, на која говореше околу пандемијата на Ковид-19.
Според Самојлова, на почетокот не биле подготвени против оваа пандемија, а дека здравствените работници немале доволно заштитна опрема.
„Меѓу починатите, 489 се здравствени работници. Односно, загубивме околу 500 наши колеги“, додаде Самојлова.
Од друга страна, во соопштението објавено по оваа конференција од страна на „Roszdravnadzor“ не беа потврдени изјавите на Самојлова, во кое се наведува дека оваа бројка не е официјална.