Emre Gürkan Abay
17 Декември 2021•Ажурирај: 20 Декември 2021
МОСКВА
Александар Гинтсбург, директор на рускиот Национален институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, рече дека две дози „Спутник ве“ и бустер доза „Спутник Лајт“ обезбедуваат целосна заштита од Омикрон, новата варијанта на коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во онлајн обраќањето до печатот, Гинтсбург ги претстави новите наоди за работата на вакцините „Спутник“.
„Истражувањето за ефектите на нашите вакцини против Омикрон даде важни резултати. Најважниот резултат што го постигнавме е дека две дози на „Спутник ве“ и трета доза на вакцината „Спутник лајт“ обезбедуваат целосна заштита од новата варијанта на коронавирусот“, рече Гинтсбург.
Нагласувајќи дека е неопходно да се забрза процесот на имунизација на целото население, Гинтсбург посочи дека постојат технологии кои можат да развијат заштита во случај на појава на повеќе нови варијанти на вирусот во иднина.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на 14 декември изјави дека Русија не ја доставила сета потребна документација до Светската здравствена организација (СЗО) за одобрување на употребата на вакцината „Спутник ве“, бидејќи има некои несогласувања кога станува збор за потребните податоци и за начинот на кој може да се добијат тие информации.