Балкан, Коронавирус

Во Северна Македонија пристигна втората пратка од руската вакцина „Спутник В“

Министерството за здравство соопшти дека руската вакцина, наменета за ревакцинација на 3.000 здравствени работници, пристигнала попладнево на Меѓународниот аеродром во Скопје

Ekipa  | 28.03.2021 - Обновена : 29.03.2021
Во Северна Македонија пристигна втората пратка од руската вакцина „Спутник В“ Фото: Министерство за здравство на РСМ

СКОПЈЕ (АА) - Во Северна Македонија денес пристигна втората пратка од руската вакцина „Спутник В“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство соопшти дека руската вакцина, наменета за ревакцинација на 3.000 здравствени работници, пристигнала попладнево на Меѓународниот аеродром во Скопје.

Инаку, на 7 март пристигна првата пратка на руската вакцина „Спутинк В“, во количество од 3.000 дози. Министерот за здравство, Венко Филипче, тогаш изјави дека Северна Македонија од рускиот производител на вакцини нарачала 200.000 дози наменети за вакцинација и ревакцинација.

Со Република Северна Македонија, вакцината е регистрирана во речиси 50 земји во светот, вклучувајќи неколку држави во ЕУ.

Европската агенција за лекови (ЕМА) во моментов спроведува прелиминарна проценка на руската вакцина „Спутник В“, додека во СЗО се разгледува барањето за „Спутник В“ да се вклучи во листата на лекови одобрени од СЗО за користење во вонредни ситуации.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.