Ahmet Dursun
04 Март 2020•Ажурирај: 06 Март 2020
АНКАРА (АА) - Иранскиот претседател, Хасан Рохани, рече дека епидемијата на новиот вид коронавирус Ковид-19 се проширила во речиси во сите делови на Иран, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според писменото соопштение на иранското Претседателство, Хасан Рохани, на состанокот на Советот на министри се осврнал на коронавирусот Ковид-19, што бргу се распространува низ целата земја.
Посочувајќи дека Ковид-19 е епидемиска болест, Рохани нагласи: „Коронавирусот се рашири во речиси сите наши провинции. Во извесна смисла, ова е глобална болест од која се заразија многу земји во светот. Со претпазливост и соработка треба да се надмине овој проблем што е можно поскоро.“
„Ветувам дека ќе ја надминеме оваа криза со најмала загуба во најкус можен рок, со поддршка на нашиот стручен медицински персонал и волјата и соработката на нашиот народ“, подвлече Рохани.