свет, Коронавирус

Продолжува големата смртност од Ковид-19 во земјите на Латинска Америка

Во последните 24 часа од последиците предизвикани од Ковид-19 во Бразил починаа 432 лица, во Мексико 431, во Аргентина 275, во Колумбија 198 и во Перу 62 лица.


Muhammed Emin Canik  | 25.10.2020 - Обновена : 25.10.2020
Продолжува големата смртност од Ковид-19 во земјите на Латинска Америка

БУЕНОС АИРЕС

Во земјите од Латинска Америка продолжува да се зголемува бројката на смртни случаи предизвикани од новиот тип коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).


Во последните 24 часа од последиците предизвикани од Ковид-19 во Бразил починаа 432 лица, во Мексико 431, во Аргентина 275, во Колумбија 198 и во Перу 62 лица.


Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 432 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 156.903. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 26.979, зголемувајќи го вкупниот број позитивни на коронавирусот на 5.380.635.


По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја оздравеа 4.817.898 лица што претходно биле позитивни на Ковид-19.



- Аргентина

Министерството за здравство на Аргентина информираше дека во последното деноноќие починале 275 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка се зголеми на 28.613. Во истиот период детектирани се 11.968 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.081.336.

Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 881.113 лица заразени со коронавирусот.


Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 7. место во светот.


Рестриктивните мерки што во Аргентина се воведени на 20 март, со текот на времето почнаа постепено да се олабавуваат, а карантинот во 8 покраини и во главниот град Буенос Аирес е продолжен до 8 ноември.


- Мексико



Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 431 лице заразени со коронавирусот, а детектирани се 6.025 новозаразени.


Во Мексико, со популација од 126 милиони жители, досега се регистрирани 88.743 смртни случаи, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот изнесува 886.800. Во оваа земја досега оздравеа 646.739 лица позитивни на Ковид-19.


Мексико се наоѓа на 9. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19.


- Колумбија


Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 198 лица, зголемувајќи го вкупниот број смртни случаи на 30.000.


Во последните 24 часа детектирани се 8.769 лица позитивни на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на заразени со вирусот на 1.007.711. Во оваа земја досега оздравеа 907.379 заразени со Ковид-19.


Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 8. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.



- Перу


Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 62 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 1.108 новозаразени.


Во оваа земја вкупниот број заразени се искачи на 886.214, починаа 34.095 заразени, а оздравеа 803.846 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.


Перу, со популација од околу 32 милиони жители, се наоѓа на 10. место во светот според бројката на заразени со коронавирусот и по бројот на смртни случаи како последица на вирусот.






На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın