Ahmet Dursun
28 Октомври 2020•Ажурирај: 29 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - Претседателот на иранскиот Парламент, Мухамед Бакир Калибаф, е заразен со новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Заразен беше еден од нашите колеги во канцеларијата. На полноќ беше објавен и резултатот на мојот тест, кој беше позитивен“, истакна Калибаф преку социјалните мрежи.
Тој нагласи дека е во изолација и дека ќе продолжи со работа.
Инаку, во Иран во текот на месецот, со Ковид-19 беа заразени претседателот на Институцијата за буџет и планирање, Мухамед Бакир Нобахт, кој има својство и на потпретседател на државата, како и Али Екбер Салихи, претседателот на Институтот за атомска енергија.
И покрај преземените мерки, се забележува раст кај случаите со коронавирусот во земјата.