Lejla Biogradlija,Kayhan Gül
14 Април 2020•Ажурирај: 15 Април 2020
Пандемијата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) предизвика смрт на повеќе од 125 илјади лица, а бројот на лица заразени со Ковид-19 се приближи кон бројката од 2 милиони, јавува Агенција Анадолија (АА).
На првото место меѓу земјите од светот која е најпогодена од пандемијата на новиот тип на коронавирусот е САД со повеќе од 600.000 лица кај кои е детектиран Ковид-19 и повеќе од 25.000 смртни случаи предизвикани од новиот тип на коронавирусот.
Во Италија бројот на починати достигна 21.067, а во оваа земја Ковид-19 е детектиран кај 162.488 лица. Во Италија 37.130 се излекуваа од заразеноста со новиот тип на коронавирусот.
Шпанија е земја во која од последици предизвикани од заразеност со Ковид-19 животот го загубија 18.056 лица, 67.504 се излекувани, а вкупниот број на лица кои биле позитивни на тестот на новиот тип на коронавирусот изнесува 172.541.
И Франција е една од земјите која е најпогодена од пандемијата на Ковид-19 со детектирани 143.303 случаи. Бројот на смртни случаи во оваа земја изнесува 15.529.
Велика Британија е земја со 12.107 смртни случаи и 93.873 лица позитивни на Ковид-19.
Меѓу земјите со голем број на смртни случаи се Иран со 4.683, Белгија 4.157, Германија со 3.272, Холандија со 2.945, Бразил 1.378, Швајцарија 1.174, Шведска 1.033, а Кина во која досега животот го загубија 3.341 лице, во последните 24 часа нема починат.
Според последните информации, од заразеност со Ковид-19 во светот се излекувале 460.000 лица.
- Продолжуваат превентивните мерки против пандемијата
Власта во Иран во главниот град Техеран како мерка на превенција против Ковид-19, на населението му препорача во неизбежни ситуации, како транспортно средство да користи велосипед.
На Нов Зеланд вонредната мерка која е воведена на 25 март е продолжена уште една недела.
Индонезија прогласи „национална катастрофа“.
Изолацијата што се применува на ниво на цела Индија продолжена е до 3 мај. Во знак на протест на оваа одлука, на илјадници лица демонстрираа во Мумбај.
Првиот круг на претседателските избори во Доминиканска република закажени за мај се презакажани за јули.
Изолацијата што се применува на ниво на целата територија на Непал продолжена е до 27 април.
Пакистан соопшти дека воведените ограничувања се продолжуваат уште 2 недели.
- Во Канада 6 милиони лица останаа без работа
Според информациите што ги објави Федералното Министерство за труд на Канада, поради Ковид-19 повеќе од 6 милиони лица во земјата останале без работа.
При клиничкото тестирање на лекот против маларија Хлороксин дифосфат во терапијата на Ковид-19, во Бразил две лица починале од несакани ефекти на лекот.
Бехраин по 4 години за првпат организираше експедиција за Иран за евакуација на своите државјани.
Малезија објави дека оние кои ќе ја прекршат делумна забрана за излегување на улица воведена до 28 април, почнувајќи од утре ќе одат директно на суд.
Австрија го презема првиот чекор кон нормализација на животот, објавувајќи дека ќе можат да се отворат работните места со простор помал од 400 квадратни метри.
- Во Тајван по 36 дена за првпат не е откриен нов случај на Ковид-19
Тајван соопшти дека по 36 дена за првпат не е откриен нов случај на Ковид-19.
Интернационалниот монетарен фонд (ИМФ) ја намали проценката за глобален раст за оваа година поради економската рецесија предизвикана од пандемијата на новиот тип на коронавирус.
Најпрестижната велисипетска трка „Тур д‘Франс“ нема да започне на планираниот датум.
На 23 април ќе се одржи состанок на Германската фудбалска федерација во врска со иднината на суспендираните натпревари во Бундес лигата и Втората бундес лига.
Во САД објавена е информацијата дека не е можно во мај да започнат суспендираните натпревари од американската Прва фудбалска лига (MLS).