Emre Aytekin
14 Април 2020•Ажурирај: 15 Април 2020
АНКАРА
Во светот од заразеност со новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) се излекувале над 460.000 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Интернет страницата „Worldometer“ која објавува ажурирани податоци поврзани со бројот на заразени и смртни случаи во земјите од светот информираше дека досега од Ковид-19 се излекувале 460.146 лица.
Најголем број на излекувани лица од пандемијата на новиот тип на коронавирусот има во Кина, 77.738. Следат Германија со 68.200, Шпанија со 67.504, Иран 48.129, САД 37.315, Италија 35.435 и Франција 27.718.
Во светот вирусот Ковид-19 е детектиран кај 1.946.781 лице. Досега од последици предизвикани од Ковид-19 починаа 121.710 лица додека сѐ уште од новиот тип на коронавирусот се лекуваат 1.364.925 лица.