Bayram Altuğ
14 Април 2020•Ажурирај: 15 Април 2020
ЖЕНЕВА
Обединетите нации (ОН) повикаа на интензивирање на поддршката на Авганистан, Пакистан и Иран во борбата против ширењето на коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Комесаријатот на ОН за бегалци (УНХЦР), Бабар Балоч изјави дека не е време да се заборави на Авганистан и соседните земји.
Балоч напомена дека коронавирусот е голема закана за неразвиените земји и истакна дека Ковид-19 би можел да донесе вонреден товар на земјите со кревки здравствени системи и голем број смртни случаи.
Тој изјави дека авганистанските бегалците и покрај „трајниот ризик и несигурноста“ продолжуваат да заминуваат од Иран и Пакистан во својата земја.
Тој изјави дека од Пакистан се вратиле десетици илјади авганистански бегалци, додека бројот на повратниците од Иран во март достигнал 60.000.
Балоч изјави дека враќањето на авганистанските бегалци ќе предизвика големи проблеми во здравствениот систем и социјалните служби во таа земја.
Тој додаде дека ниту Пакистан ниту Иран, кои им пружија дом за 90 отсто од авганистанските бегалци, не се во најдобра ситуација.
Тој ја повика меѓународната заедница да им даде поголема поддршка на Авганистан, Пакистан и Иран.