Riyaz Khaliq Khaliq
18 Јули 2023•Ажурирај: 26 Јули 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Американски државјанин преминал во Северна Кореја без одобрение, соопштија денес претставници на Обединетите нации, јавува Анадолу.
„Американски државјанин без овластување ја преминал воената линија на разграничување во Демократска Народна Република Кореја (ДНРК)“, соопшти Командата на Обединетите нации, која ја надгледува Заедничката безбедносна зона во демилитаризираната зона (DMZ) меѓу Јужна и Северна Кореја.
„Веруваме дека американскиот државјанин моментно е во притвор во ДНРК и работиме со нашите колеги од КПА (Севернокорејската народна армија) на решавање на овој инцидент“, објави Командата на ОН на Твитер.