свет, Коронавирус

Омикрон создава „цунами ефект“ во Европа

- Шефот на СЗО, Тедрос, предупреди дека бројот на случаи на заразување низ светот ќе се зголеми поради брзото ширење на Омикрон, додека варијантата Делта циркулира истовремено

Ömer Faruk Yıldız  | 06.01.2022 - Обновена : 07.01.2022
Омикрон создава „цунами ефект“ во Европа

ЖЕНЕВА

Бројот на случаи на заразување со Ковид-19 во Европа се зголеми за 100 отсто во текот на изминатите седум дена во споредба со претходната недела, при што новата варијанта на коронавирусот, Омикрон, постепено го зголемува своето влијание, јавува Агенција Анадолија (АА).

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејсус, на крајот од минатата година изјави дека тој е многу загрижен за „цунами ефектот“ на варијантата Омикрон.

Тедрос предупреди дека бројот на случаи на заразување низ светот ќе се зголеми поради брзото ширење на Омикрон, додека варијантата Делта циркулира истовремено.

Според веб-страницата „Worldometers“, која собира податоци за Ковид-19 од светот, вкупниот број на случаи низ Европа се зголемил за 65 отсто во споредба со претходната недела.

Додека Грција беше една од земјите со највисока стапка на пораст од 199 отсто, вкупниот број на случаи на заразување во последните седум дена во земјата изнесуваше 253.596.

Во Финска минатата недела беа детектирани повеќе од 50.280 случаи, со пораст од 231 отсто. Франција забележа над 1,38 милиони случаи со стапка на пораст од 88 отсто.

Имаше благ пораст на бројот на жртви на неделно ниво во Европа. Стапката на смртност се зголеми за 132 отсто во Велика Британија, каде што 1.195 луѓе починаа во текот на изминатите седум дена.

Порастот на бројот на жртви во споредба со претходната недела изнесуваше 14 отсто во Франција, 28 отсто во Шпанија, 5 отсто во Бугарија и 62 отсто во Финска.

Исто така, смртните случаи како последица на коронавирусот во Германија, Австрија, Шведска, Холандија, Швајцарија и Белгија се намалени во споредба со претходната недела.

Според податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“ во САД, од декември 2019 година, пандемијата на коронавирусот одзеде над 5,64 милиони животи во најмалку 192 земји и региони, а повеќе од 297,95 милиони случаи на заразување се пријавени низ светот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.