свет, Коронавирус

Од последиците на Ковид-19 во Индија починаа 443 лица, коронавирусот во Кина под контрола

Комисијата за национално здравје на Кина соопшти дека во последните 24 часа на континентален дел на Кина детектирани се 18 нови случаи на Ковид-19, од кои 15 потекнуваат од странство

Büşra Selvi Öğütcen  | 30.11.2020 - Обновена : 30.11.2020
Од последиците на Ковид-19 во Индија починаа 443 лица, коронавирусот во Кина под контрола

АНКАРА (АА) - Во Индија, една од земјите најмногу погодени од пандемијата на Ковид-19, нема значајни измени во бројката на новозаразени и на смртни случаи предизвикани од новиот тип коронавирус (Ковид-19). Во Кина коронавирусот е под контрола, додека во Јужна Кореја последните денови бројката на лица кај кои е детектиран коронавирусот се движи од 400 до 500 на дневно ниво, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство на Индија објави дека во последните 24 часа од последиците на коронавирусот починале уште 443 лица, зголемувајќи го вкупниот број смртни случаи на 137.139.

Во Индија, земја со над 1,3 милијарди жители, во последното деноноќие детектирани се 38.772 новозаразени, вкупно 9.431.691 од почетокот на пандемијата, додека оздравеа 8.847.600 заразени.

Според интернет-страницата „Worldometer“, Индија е втора земја во светот според вкупниот број на заразени, а трета според бројот на смртни случаи предизвикани од коронавирусот.

- Јужна Кореја -

Центарот за контрола и превенција на болести на Јужна Кореја објави дека во последните 24 часа во земјата се детектирани 438 случаи на Ковид-19.

Вкупниот број на заразени во земјата се зголеми на 34.201, а оздравеа 27.653 лица претходно заразени со коронавирусот.

Во Јужна Кореја во последните 24 часа починаа 3 лица, зголемувајќи го вкупниот број смртни случаи од коронавирусот во земјата на 526.

За последен пат бројката на новозаразени во Јужна Кореја го надмина нивото од 500 на 6 март.

- Кина -

Комисијата за национално здравје на Кина соопшти дека во последните 24 часа на континентален дел на Кина детектирани се 18 нови случаи на Ковид-19, од кои 15 потекнуваат од странство.

Во Кина со популација од над 1,4 милијарди жители, во последните 24 часа нема починати од последиците предизвикани од коронавирусот, а вкупниот број заразени со вирусот во оваа земја изнесува 86.530.

Од појавата на Ковид-19 досега, во Кина починаа 4.634 заразени, а оздравеа 81.619 пациенти заразени со коронавирусот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın