свет, Коронавирус

Од Ковид-19 во светот оздравеа над 45 милиони луѓе

Во Турција заклучно со 2 декември регистрирани се 414.141 оздравени лица

Emel Gözellik  | 03.12.2020 - Обновена : 03.12.2020
Од Ковид-19 во светот оздравеа над 45 милиони луѓе

АНКАРА (АА) - Бројот на оздравени лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 45 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според последните информации на интернет страницата „Worldometer“, од почетокот на епидемијата на коронавирусот во светот оздравеа 45.001.637 лица.

Првите четири земји во светот, во кои се регистрирани најмногу случаи на Ковид-19, во истовреме се и четирите земји каде што се регистрирани и најмногу оздравени лица.

Од Ковид-19 во Индија оздравеа 8.973.373 лица, во САД 8.492.434 лица, во Бразил 5.698.353 и во Русија 1.859.851 лице.

По овие четири земји следуваат Аргентина со 1.268.358 оздравени и Колумбија со 1.225.635 оздравени лица.

Во Турција заклучно со 2 декември регистрирани се 414.141 оздравени лица.

Инаку, во светот се откриени над 64.915.422 милиони случаи на Ковид-19, додека како последица на овој вирус починаа 1.500.642 лица.

Во светот 18.413.143 лица се наоѓаат во процес на лекување.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.