свет, Коронавирус

Од Ковид-19 во В.Британија за 24 часа починаа 393 лица, владата предупредува дека најлошото тек следи

- Премиерот Џонсон испрати писмо до сите пријавени адреси во земјата. Во писмото предупредува дека негативните трендови ќе потраат уште некое време пред кривата на националната епидемиолошка слика тргне во позитивна насока

Hasan Esen  | 31.03.2020 - Обновена : 01.04.2020
Од Ковид-19 во В.Британија за 24 часа починаа 393 лица, владата предупредува дека најлошото тек следи

ЛОНДОН

Во изминатите 24 часа во Велика Британија како последица од заразеност со Ковид-19 починаа 393 лица, со што билансот на смртни случаи предизвикани од новиот тип на коронавирус е зголемен на 1.801, јавува Агенија Анадолија (АА).

Ресорните британски институции соопштија дека во изминатите 24 часа од последици предизвикани од заразеност со коронавирусот во Британија починале 367 лица, 13 во Шкотска, 7 во Велс и 6 во Северна Ирска.

Вкупниот број на починати од Ковид-19 во Велика Британија е зголемен на 1.801 лице.

Британискиот премиер Борис Џонсон, кој и самиот е заразен со новиот тип на коронавирусот, денес одржа состанок на владата по пат на видеолинк.

Министерот за здравство Мет Ханкок, кој е уште еден висок функционер на В.Британија заразен со коронавирусот, за Би-би-си изјави дека е излечен.

Тој соопшти дека Владата на В.Британија бесплатно ги продолжила работните визи на странците кои работи во земјата.

Министерката за внатрешни работи Прити Пател рече дека станува збор за 2.800 лекари и медицинари на кои визата им истекува во октомври, а автоматски им е продолжена за уште една година.

Премиерот Џонсон испрати писмо до сите пријавени адреси во земјата. Во писмото предупредува дека негативните трендови ќе потраат уште некое време пред кривата на националната епидемиолошка слика тргне во позитивна насока.

Директорот на Заводот за здравство на В.Британија Стефан Повис изјави дека добар резултат би бил доколку на крајот на пандемијата бројот на починати во земјата е помал од 20.000.

Коронавирусот се појави минатата година во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март годинава прогласи глобална пандемија на Ковид-19.

Изгледа дека Кина успешно го реши проблемот со коронавирусот од кој во таа земја се заразени повеќе од 82.000 лица, а животот го загубија повеќе од 3.000. Меѓутоа вирусот се прошири и во останатиот дел од светот, а особено на удар на вирусот се најдоа Европа и Северна Америка.

Според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс во светот од коронавирусот се заразени повеќе од 823.000 луѓе. Од последиците предизвикани на заразеност со новиот тип на коронавирусот починаа повеќе од 40.600 лица, а излекувани се 174.000 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın