свет, Коронавирус

Италија им оддаде почит на жртвите од коронавирус

- Во сите државни институции ширум Италија со спуштање на знамињата на поле копје, точно во 12 часот со едноминутно молчење им е оддадена почит на жртвите од коронавирусот.

Barış Seçkin  | 31.03.2020 - Обновена : 01.04.2020
Италија им оддаде почит на жртвите од коронавирус

РИМ

Во Италија е оддадена почест на жртвите од коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Поради пандемијата која се појави пред шест недели во Италија, жариштето од коронавирус во Европа, починаа дури 11.591 лице.

На повик на Сојузот на италијански општини во сите државни институции ширум земјата со спуштање на знамињата на поле копје, точно во 12 часот со едноминутно молчење им е оддадена почит на жртвите од коронавирусот.

Програмата во главниот град на Италија е одржана на плоштадот Капитол каде се наоѓа зградата на Градската управа на Рим.

По едноминутното молчење во рамките на програмата на кој знамињата на Италија, ЕУ и Рим се спуштени на пола копје, на насобраните им се обрати градоначалничката на Рим, Вирџинија Раги.

Наведувајќи дека на овој начин сакале да им оддадат почит на жртвите од новиот тип на коронавирусот на кои не им е овозможено последното испраќање да се изврши на достоинствен начин, Раги изјави дека во име на починатите мора да се извојува победа во оваа борба со Ковид-19.

Раги изјави дека борбата против коронавирусот мора да се добие и поради сите кои продолжуваат да работат во овие тешки околности и оние кои со својата работа придонесуваат за лекувањето на заболените и напредокот на државата.

Укажувајќи на пожртвуваноста на луѓето кои остануваат во своите домови, Раги изјави дека тоа е она што е потребно за спас на сопствените, но и туѓите животи.

Знамињата се пуштени на половина копје и во Министерството за надворешни работи, претседателскиот дворец Квиринал, палатата палатата Киџи и на плоштадот Венеција.

На половина копје знамињата се спуштени и во Ватикан.

Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март оваа година прогласи глобална пандемија на Ковид-19.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın