Muhammed Emin Canik,Nuri Aydın
02 Август 2020•Ажурирај: 03 Август 2020
БУЕНОС АИРЕС
Како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Бразил починаа 1.088 лицa, во Индија 853 лица, а во Мексико 784 лицa, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, со починатите 1.088 лицa, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 93.563 лицa.
Во земјата се откриени уште 45.392 случаи, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи порасна на 2.707.877.
Бројот на излекувани лица од овој вирус во земјата изнесува 1.865.729.
Бразил, чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.
- Индија
Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека поради Ковид-19 во земјата починале уште 853 лица, со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 37.364.
Исто така, во последните 24 часа во земјата се откриени уште 54.735 случаи со овој вирус.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани случаи во Индија порасна на 1.750.723.
Досега во земјата од Ковид-19 се излекувани 1.145.629 лица.
- Мексико
Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа од вирусот починале уште 784 лица.
Со ова, вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 47.472.
Во Мексико се откриени уште 9.556 нови случаи, со што вкупниот број на откриени случаи во земјата порасна на 434.193.
Досега во земјата излекувани се 284.847 лица.