Турција, Коронавирус

Во Турција од Ковид-19 излекувани повеќе од 215.500 лица

Податоците кои ги соопшти министерот за здравство на Турција Фахретин Коџа покажуваат дека денес се извршени 44.846 тестирања, а заразувањето е потврдено кај 996 лица, со што бројот на заразените е зголемен на 231.869

Selma Kasap  | 02.08.2020 - Обновена : 03.08.2020
Во Турција од Ковид-19 излекувани повеќе од 215.500 лица

АНКАРА

Во Турција во последните 24 часа потврдени се 996 случаи на коронавирусот (Ковид-19), а 19 лица се починати, јавува Агенција Анадолија (АА).

Податоците кои ги соопшти министерот за здравство на Турција Фахретин Коџа покажуваат дека денес се извршени 44.846 тестирања, а заразувањето е потврдено кај 996 лица, со што бројката на заразени е зголемена на 231.869.

Во изминатите 24 часа починаа 19 лица со што вкупната бројка на смртните случаи во Турција достигна 5.710.

Во текот на изминатиот ден се излекувани 981 лице, со што бројот на излекувани од почетокот на глобалната пандемија е зголемен на 215.516. Според најновите податоци на Министерството за здравство, во критична состојба се наоѓаат 586 пациенти.

На присуството на Ковид-19 од почетокот на пандемијата во Турција направени се над 4,84 милиони тестирања.

Министерот Коџа на социјални мрежи ги повика граѓаните и понатаму да ги почитуваат мерките и препораките на надлежните институции.

„Потребно е внимание. Дневниот број на новозаразени пациенти е околу 1.000. Веќе 33 дена напорно работиме за да бројката на случаи падне под тоа ниво. Градовите во кои се зголемува бројот на новозаразени во Анкара, Мардин, Дијарбакир, Газиантеп и Коња. Во 36 градови веќе три дена немавме пациенти во критична состојба", рече Коџа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın