Sümeyye Dilara Dinçer
11 Декември 2020•Ажурирај: 14 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Обучени кучиња од мирисот на потта открија позитивни луѓе на Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на Си-ен-ен (CNN), истражувачите во Франција и Либан земале примероци од пот од пазувите на 97 лица кои биле позитивни на Ковид-19 и од 82 лица, чии резултати од тестот биле негативни.
Во студијата, користејќи примероци на пот, обучени се 14 кучиња кои претходно се користени за откривање и пребарување на експлозивни направи и на рак на дебелото црево.
Бидејќи не е познато дали пациентите од кои се земени примероците од пот користеле забранети супстанци или не, во студијата биле вклучени и кучињата кои се користат при пребарување на дроги.
Експериментите направени со обучените кучиња постигнаа успех помеѓу 76 до 100 проценти.
Две кучиња специјализирани за откривање рак на дебелото црево постигнаа 100 проценти успех на направени 68 тестови.
Детали за студијата се објавени во списанието „PLOS One“.