Ayşe Eda Ünlü Özen
26 Февруари 2020•Ажурирај: 27 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, истакна дека во Турција досега нема потврдени случаи на коронавирус, но според него, не мора да значи дека никогаш нема да има, јавува Агенција Анадолија (АА).
„За сега нема случаи на коронавирус во Турција. Тоа не значи дека нема да има", рече турскиот министер за здравство Фахретин Коџа, кој беше гостин на уредничкиот деск на АА во Анкара, каде што говореше за последните случувања во врска со коронавирусот.
Тој говореше и за евакуирањето на турските државјани од Иран со авион.
„Можеме да кажеме дека ниту еден од нашите патници не е позитивен (на коронавирусот), сите се негативни“, рече Коџа.
Вчера 132 турски државјани пристигнаа во Анкара откако беа евакуирани од Иран, каде што беа потврдени 15 смртни случаи од коронавирусот.
Коџа истакна дека турските државјани дојдени од иранските градови Машхад и Ком, каде што е епицентарот на овој вирус, се задржани во карантин со цел да се спречи ширењето на коронавирусот во земјата.
Турскиот министер нагласи дека Турција поставила теренска болница на границата со Иран.