БОГОТА
Епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 3.086 лица во Бразил, 434 во Мексико, 516 во Аргентина, 436 во Колумбија, 403 во Перу, 45 во Чиле, 89 во Еквадор, 24 во Боливија, 92 во Парагвај и на 61 лице во Уругвај.
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 3.086 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 395.022.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 72.140, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 14.441.563.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 12.992.442 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 434 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 3.592 новозаразени.
Во Мексико досега се регистрирани 215.547 смртни случаи, бројката на заболени изнесува 2.333.126, а досега оздравеа 1.856.543 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико е трета земја во светот, по САД и Бразил, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразеност со Ковид-19.
Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 15. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информираше дека во последното деноноќие починале 516 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 62.599. Во истиот период детектирани се 25.495 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 2.905.172.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 2.563.223 лица заразени со коронавирусот.
Аргентина според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 11. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 436 лица, зголемувајќи го вкупниот број смртни случаи на 72.235.
Во последното деноноќие детектирани се 17.578 лица позитивни на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на заразени со вирусот на 2.804.881. Во оваа земја досега оздравеа 2.616.821 лице заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 12. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 403 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 3.763 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.775.062, од кои починаа 60.416 лица, а оздравеа над 1.721.922 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 45 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја на 26.020.
Во истиот период регистрирани се нови 4.141 случај на заразеност со Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот на 1.179.772, а оздравеа вкупно 1.113.463 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Еквадор
Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 89 смртни случаи, вкупно 18.389 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 554 новозаразени, така што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 375.329.
Досега во Еквадор оздравеа 318.598 лица што биле позитивни на коронавирусот.
- Боливија
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 24 смртни случаи предизвикани од заразеност со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 1.480.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 300.258, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 12.885. Досега оздравеа 247.961 лице позитивни на коронавирусот.
- Парагвај
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 92 смртни случаи како последица на заразеност со Ковид-19, а детектирани се 2.461 лице позитивни на коронавирусот.
Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 271.814, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 6.094.
Досега оздравеа 223.606 лица позитивни на коронавирусот.
- Уругвај
Уругвајските медиуми објавија дека во последното деноноќие во оваа земја починале 61 лице од последиците на заразеност со коронавирусот, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи на 2.452.
Во истиот период детектирани се 2.769 лица позитивни на Ковид-19, вкупно 190.096 од почетокот на пандемијата.
Во Уругвај досега оздравеа 160.632 заразени со Ковид-19.