свет, Коронавирус

Латинска Америка: Ковид-19 е причина за смртта на 1.641 лице во Бразил и на 1.035 во Мексико

По САД и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот, а на 2. место според бројот на починати. Во оваа земја досега оздравеа 9.527.173 лица претходно позитивни на Ковид-19.

Sinan Doğan  | 03.03.2021 - Обновена : 03.03.2021
Латинска Америка: Ковид-19 е причина за смртта на 1.641 лице во Бразил и на 1.035 во Мексико

БОГОТА 

Продолжува високата смртност предизвикана од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во последните 24 часа поради заразеност со новиот тип коронавирус во Бразил животот го загубија 1.641 лице, 1.035 во Мексико, 115 во Аргентина, 106 во Колумбија, 209 во Перу, 24 во Чиле и 37 во Боливија.

Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 1.641 лице заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 257.361. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 59.925, зголемувајќи го вкупниот број позитивни на коронавирусот на 10.646.926.

По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот, а на 2. место според бројот на починати. Во оваа земја досега оздравеа 9.527.173 лица претходно позитивни на Ковид-19.

- Мексико

Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 1.035 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 7.913 новозаразени.

Во Мексико досега се регистрирани 187.187 смртни случаи, бројката на заболени изнесува 2.097.194, а досега оздравеа 1.645.312 лица позитивни на Ковид-19.

Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 13. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19, а на 3. место според бројот на починати на листата што ја објавува интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.

- Аргентина

Министерството за здравство на Аргентина информираше дека во последното деноноќие починале 115 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 52.192. Во истиот период детектирани се 6.653 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 2.118.676.

Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.916.936 лица заразени со коронавирусот.

Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 12. место во светот.

- Колумбија

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 106 лица, зголемувајќи го вкупниот број смртни случаи на 59.972.

Во последните 24 часа детектирани се 4.339 лица позитивни на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на заразени со вирусот на 2.259.599. Во оваа земја досега оздравеа 2.156.057 заразени со Ковид-19.

Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.

- Перу

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 209 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 3.135 новозаразени.

Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.338.297, од кои починаа 46.894 лица, а оздравеа над 1.244.029 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.

- Чиле

Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 24 лица од последиците предизвикани од коронавирусот Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја на 20.684.

Во истиот период регистрирани се нови 2.747 случаи на заразеност со Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број лица позитивни на коронавирусот на 832.512, а оздравеа вкупно 787.700 лица претходно заразени со коронавирусот.

- Боливија

Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 37 смртни случаи предизвикани од заразеност со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 790.

Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 250.557, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 11.703. Досега оздравеа 194.370 лица позитивни на коронавирусот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın