свет, Коронавирус

Латинска Америка: Во Бразил од Ковид-19 починаа 661 лица, во Мексико 555

Во последните 24 часа од последиците предизвикани од Ковид-19 во Бразил починаа 661 лица, во Аргентина 384, во Мексико 555, во Колумбија 170 и во Перу 55

Muhammed Emin Canik  | 21.10.2020 - Обновена : 21.10.2020
Латинска Америка: Во Бразил од Ковид-19 починаа 661 лица, во Мексико 555

БУЕНОС АИРЕС 

Во земјите од Латинска Америка продолжува да се зголемува бројката на смртни случаи предизвикани од новиот тип коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во последните 24 часа од последиците предизвикани од Ковид-19 во Бразил починаа 661 лица, во Мексико 555, во Аргентина 384, во Колумбија 170 и во Перу 55.


Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 661 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 154.837. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 23.227, зголемувајќи го вкупниот број позитивни на коронавирусот на 5.273.954.


По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја оздравеа 4.721.593 лица што претходно биле позитивни на Ковид-19.

- Аргентина

Министерството за здравство на Аргентина информираше дека во последното деноноќие починале 384 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка се зголеми на 27.100. Во истиот период детектирани се 16.337 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.018.199.


Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 829.647 лица заразени со коронавирусот.


Иако Аргентина како превенција од ширењето на коронавирусот спроведе многу долг карантин, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 6. место во светот.


Аргентина го воведе карантинот на 20 март, а подоцна постепено почна во голема мерка да ги олеснува неговите правила, но генерално, карантинот е продолжен до 25 октомври во 18 покраини.

- Мексико

Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 555 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 5.788 новозаразени.


Во Мексико, кое брои популација од 126 милиони жители, досега се регистрирани 86.893 смртни случаи, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот изнесува 860.714. Во оваа земја досега оздравеа 627.584 лице позитивни на Ковид-19.


Мексико со фармацевтските компании „АстраЗенека“, која е од британско и шведско потекло, со американската „Фајзер“ и со кинеската „Кансино“ потпиша договори за купување на вкупно 146 милиони вакцини.


Претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор, соопшти дека овие договори се постигнати со желба државјаните на оваа земја да бидат меѓу првите што ќе ги добијат вакцините, додавајќи дека вакцините ќе му бидат поделени бесплатно на народот.

Мексико се наоѓа на 10. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19.

- Колумбија

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 170 лица, зголемувајќи го вкупниот број смртни случаи на 29.272.


Во последните 24 часа детектирани се 8.770 лица позитивни на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на заразени со вирусот на 974.139. Во оваа земја досега оздравеа 876.731 заразени со Ковид-19.


Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 7-та земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.

- Перу 

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 55 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 1.168 новозаразени.


Во оваа земја вкупниот број заразени се искачи на 874.118, починаа 33.875 заразени, а оздравеа 788.494 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.


Перу со популација од околу 32 милиони жители се наоѓа на 9. место во светот според бројката на заразени со коронавирусот и по бројот на смртни случаи како последица на вирусот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın