Sümeyye Dilara Dinçer,Murat Özgür Güvendik
06 Јануари 2021•Ажурирај: 07 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Од почетокот на пандемијата на Ковид-19, во светот коронавирусот е потврден кај 86.868.467 лица, а 61.594.450 пациенти оздравеле, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Порталот „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19 и според последните податоци, во светот како последица на коронавирусот починале 1.876.803 лица.
Моментално во светот има 23.397.214 активни случаи, од кои 108.124 се во тешка состојба.
Во пандемијата на Ковид-19 најтешко се погодени Соединетите Американски Држави (САД), со 21.578.606 заразени и 365.620 починати.
Следува Индија со 10.375.478 заразени и 150.150 починати. Во Бразил заразени се 7.812.007 лица, а починале 197.777 заразени.
Коронавирусот се појави кон крајот на минатата година во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март оваа година прогласи глобална пандемија на Ковид-19.