свет, Коронавирус

Коронавирус во Африка: Можни економски губитоци од 270 милијарди долари

- Според извештајот за влијанието на глобалната пандемија врз африканската економија, Ковид-19 веќе сега предизвикува многу негативни последици во речиси сите африкански земји.

Tufan Aktaş  | 06.04.2020 - Обновена : 07.04.2020
Коронавирус во Африка: Можни економски губитоци од 270 милијарди долари

ИСТАНБУЛ

Африканската унија објави дека новиот тип на коронавирус (Ковид-19) би можел да предизвика губитоци во трговијата од околу 270 милијарди американски долари на африканскиот континент, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според извештајот за влијанието на глобалната пандемија на африканската економија, Ковид-19 веќе сега предизвика многу негативни последици во речиси сите африкански земји.

Во соопштението на Африканската унија се вели дека поради пандемијата, оваа година извозот и увозот на тој континент бил намален за 35 отсто во однос на минатата година.

Африканската унија исто така соопшти дека очекува и значаен пад на паричните дознаки од африканската дијаспора, а доколку продолжи сегашната тенденција, без работа би можеле да останат околу 20 милиони лица.

До сега коронавирусот е забележан во 51 земја во Африка. Тој е детектиран кај повеќе од 9.000 лица, а како последица од заразеност со новиот тип на коронавирусот починаа 414 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.