БОГОТА
Новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да е причина за загубата на голем број човечки животи во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Бразил објави дека во последното деноноќие во оваа земја починале 929 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 628.067.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 193.465, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 25.620.209.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 22.353.361 лице претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 829 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 43.099 новозаразени.
Мексиканските власти информираа дека досега во земјата се регистрирани 306.920 смртни случаи, а вкупната бројка на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 4.985.689. Досега во оваа земја оздравеа 4.120.623 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико е петта земја во светот, по САД, Бразил, Индија и Русија, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 14. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 240 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 121.513. Во истиот период детектирани се 49.122 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 8.427.778.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 7.793.699 лица заразени со коронавирусот.
Аргентина, според бројот на лица позитивни на вирусот, се наоѓа на 11. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 251 лице, со што вкупниот број смртни случаи достигна 134.551.
Во последното деноноќие детектирани се 14.454 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 5.901.715. Во оваа земја досега оздравеа 5.678.249 лица заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 13. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 79 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 13.902 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на над 3.262.165, од кои животот го загубија 205.985 лица, а оздравеа над 3.252.721 лице кај кои бил детектиран коронавирусот.
Перу се наоѓа на шестото место во светот според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19, а на 21. место според бројката на лица позитивни на коронавирусот.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 12 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, така што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја достигна 39.733.
Во истиот период регистрирани се нови 22.192 случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 2.190.561, а оздравеа вкупно 2.030.468 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Боливија
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последното деноноќие се детектирани 60 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 3.825.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 859.530, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 21.011. Досега оздравеа 700.312 лица позитивни на коронавирусот.
- Парагвај
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 65 смртни случаи како последица на заразувањето со Ковид-19, а детектирани се 5.656 лица позитивни на коронавирусот.
Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 589.318, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 17.386.
Досега оздравеа 504.399 лица позитивни на коронавирусот.
- Уругвај
Уругвајските медиуми објавија дека во последното деноноќие во оваа земја починале 34 лица од последиците на заразувањето со коронавирусот, така што вкупната бројка на смртни случаи достигна 6.513.
Во истиот период детектирани се 11.453 лица позитивни на Ковид-19, вкупно 679.878 од почетокот на пандемијата.
Во Уругвај досега оздравеа 606.842 лица заразени со Ковид-19.