Oktaj Omeragikj
02 Февруари 2022•Ажурирај: 03 Февруари 2022
СКОПЈЕ
Пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), според последните податоци, е причина за смртта на 5.706.837 луѓе во светот. Досега Ковид-19 е детектиран кај 382.341.638 лица, а оздравеа 303.208.508 лица претходно позитивни на коронавирусот, известува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-порталот „Worldometers“, кој секојдневно ги ажурира информациите поврзани со случаите на коронавирусот во светот, Соединетите Американски Држави (САД) се земја со најголем број на заразени во светот. Во оваа земја детектирани се 76.516.202 случаи на заразување со Ковид-19.
По САД, меѓу земјите со над 3 милиони заразени со Ковид-19 се Индија со 41.630.885, Бразил со 25.625.133, Франција со 19.557.626, Велика Британија со 17.428.345, Русија со 11.986.913, Турција со 11.722.483, Италија со 11.116.422, Германија со 10.079.778, Шпанија со 10.039.126, Аргентина со 8.427.778, Иран со 6.408.244, Колумбија со 5.901.715, Мексико со 4.985.689, Полска со 4.925.270, Холандија со 4.538.279, Индонезија со 4.369.391, Украина со 4.130.277, Јужноафриканска Република со 3.608.307, Филипини со 3.577.298, Перу со 3.262.165, Белгија со 3.184.201, Чешка со 3.100.462 и Канада со 3.063.059.
Земја со најголем број на смртни случаи предизвикани од заразување со новиот тип коронавирус во светот е САД со 913.924. Меѓу земјите со над 100.000 смртни случаи предизвикани од коронавирусот се Бразил со 628.132, Индија со 497.996, Русија со 332.012, Мексико со 306.920, Перу со 205.985, Велика Британија со 156.875, Италија со 146.925, Индонезија со 144.348, Колумбија со 134.551, Иран со 132.504, Франција со 131.312, Аргентина со 121.513, Германија со 118.709, Полска со 105.434 и Украина со 100.599 починати.
САД се и земја со најголем број лица оздравени од коронавирусот, 46.647.029. По САД, меѓу земјите во кои оздравеле над 3 милиони заразени со коронавирусот се Индија со 39.511.307, Бразил со 22.353.361, Велика Британија со 14.680.867, Турција со 10.998.721, Русија со 10.288.582, Италија со 8.492.983, Аргентина со 7.793.699, Германија со 7.789.600, Шпанија со 6.294.712, Иран со 6.110.615, Колумбија со 5.678.249, Индонезија со 4.143.694, Мексико со 4.120.623, Полска со 4.043.032, Украина со 3.641.474 , Јужноафриканска Република со 3.459.418 и Филипини со 3.362.904 оздравени.