БУЕНОС АИРЕС
Се зголемува бројот на новозаразени со новиот тип коронавирус (Ковид-19), кој е причината за голем број смртни случаи во земјите на Латинска Америка, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 174 лица во Бразил, 617 во Мексико, 279 во Аргентина, 174 во Колумбија, 49 во Перу и 23 во Чиле.
Според информациите што ги објави Националниот совет на здравствени секретари на бразилските држави, во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 174 заразени во Бразил, со исклучок на државата Сао Пауло во која има технички грешки, при што вкупниот број на починати се зголеми на 162.802, а детектирани се 23.973 случаи, вкупно 5.699.005 од почетокот на пандемијата во оваа земја.
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 617 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 5.746 новозаразени.
Досега во оваа земја се регистрирани 95.842 смртни случаи, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот изнесува 978.531. Во оваа земја досега оздравеа 725.846 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 11. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19.
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 279 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка се зголеми на 34.183. Во истиот период детектирани се 11.977 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.262.476.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.081.897 лица заразени со коронавирусот.
Рестриктивните мерки што во Аргентина се воведени на 20 март, со текот на времето почнаа постепено да се олабавуваат, но поради повторното зголемување на бројката на заразени карантинот во 10 покраини е продолжен до 29 ноември. Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на седмото место во светот.
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 174 лица, со што вкупниот број смртни случаи достигна 33.148.
Во последните 24 часа детектирани се 7.612 лица позитивни на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени со вирусот се зголеми на 1.156.675. Во оваа земја досега оздравеа 1.059.237 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е деветта земја во светот според бројот на заразени со Ковид-19.
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 49 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 768 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се искачи на 925.431, починаа 34.992 заразени, а оздравеа 850.670 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
Перу, со популација од околу 32 милиони жители, се наоѓа на 12. место во светот според бројката на заразени со коронавирусот и по бројот на смртни случаи како последица на вирусот.
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа од последиците на заразеност со коронавирусот животот го загубиле 23 лица, со што вкупниот број починати од почетокот на пандемијата досега изнесува 14.611.
Бројката на новозаразени со Ковид-19 изнесува 1.028, вкупно 523.907 лица биле позитивни на коронавирусот, а бројката на оздравени од вирусот достигна 500.142.
news_share_descriptionsubscription_contact
