Sinan Doğan,Muhammed Emin Canik
05 Март 2021•Ажурирај: 05 Март 2021
БОГОТА
Продолжува високата смртност предизвикана од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа поради заразувањето со новиот тип коронавирус во Бразил животот го загубија 1.699 лица, 822 во Мексико, 191 во Аргентина, 107 во Колумбија, 217 во Перу, 134 во Чиле, 38 во Еквадор и 27 во Боливија.
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 1.699 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 260.970. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 75.102, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот се искачи на 10.793.732.
По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот, а на второ место според бројот на починати. Во оваа земја досега оздравеа 9.637.020 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 822 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 7.521 новозаразен.
Во Мексико досега се регистрирани 188.866 смртни случаи, бројката на заболени изнесува 2.112.508, а досега оздравеа 1.655.549 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 13. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19, а на трето место според бројот на починати на листата што ја објавува интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 191 лице од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи во земјата се зголеми на 52.644. Во истиот период детектирани се 7.432 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 2.133.963.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.928.377 лица заразени со коронавирусот.
Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 12. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 107 лица, со што вкупниот број смртни случаи се зголеми на 60.189.
Во последните 24 часа детектирани се 3.565 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се зголеми на 2.266.211. Во оваа земја досега оздравеа 2.164.438 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 217 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 1.957 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.349.847, од кои починаа 47.306 лица, а оздравеа над 1.248.642 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 134 лица од последиците предизвикани од коронавирусот Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја се искачи на 20.838.
Во истиот период регистрирани се нови 4.567 случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 840.119, а оздравеа вкупно 793.819 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Еквадор
Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 38 смртни случаи, вкупно 15.959 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 263 новозаразени, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 289.735. Досега во Еквадор оздравеа 247.898 лица што биле позитивни на коронавирусот.
- Боливија
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 27 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 969.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 252.360, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 11.761. Досега оздравеа 195.705 лица позитивни на коронавирусот.