Кина: Коронавирусот откриен во примероци на сладолед
Во кинескиот град Тианџин, коронавирусот е откриен во примероци на сладолед, по што се запленети производите на фирмата „Daqiaodao Food Co.“, а вработените се тестирани за Ковид-19
ПЕКИНГ (АА) - Во Кина во последните 24 часа регистрирани се 109 нови случаи на коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Националната здравствена комисија на Кина соопшти дека 13 нови случаи се увезени од странство, додека останатите случаи се регистрирани во Хебеи, Хејлонгчианг, Џилин и Пекинг.
Во Кина, од почетокот на пандемијата, коронавирусот е потврден кај 88.227 лица, од кои 4.635 ја изгубиле борбата со Ковид-19, додека излекувани се 82.387 лица.
Растот на бројот на заразени во Кина е забележан пред кинеската Нова година, што се прославува на 12 февруари.
Во кинескиот град Тианџин, коронавирусот е откриен во примероци на сладолед, по што се запленети производите на фирмата „Daqiaodao Food Co.“, а вработените се тестирани за Ковид-19.