Mahmut Atanur
27 Март 2020•Ажурирај: 27 Март 2020
ЏАКАРТА
Индонезија во рамките на борбата против новиот тип на коронавирусот објави дека сите оние кои нема да ја почитуваат забраната за собирање можат да се соочат со казна затвор во времетраење од 1 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Весникот „Темпо“ објави текст со изјава на портпаролот на Националната безбедност на Индонезија Арго Јувоно (Argo Yuwono), во која тој ја информира индонезиската јавност дека сите оние кои упорно не ја почитуваат забраната за собирање можат да се соочат со казна затвор.
Јувоно соопшти дека сите оние кои ќе претставуваат пречка во борбата за намалување на пандемијата во земјата ќе се соочат со казна затвор во времетраење од 1 година.
Од друга страна, и сите оние кои го прекршиле карантинот ќе бидат казнети со 1 година затвор или 100 милиони рупии (приближно 6.165 долари)
- Регистрирани 49 смртни случаи во Џакарта
Во Џакарта, главниот град на Индонезија регистрирани се 49 смртни случаи, а бројот на детектирани случаи изнесува 515.
На ниво на целата земја регистрирани се 893 случаи на заразеност со Ковид-19, а бројот на починати изнесува 78.